Анита Ангеловска Бежоска стана првата жена-гувернер на НБРМ

1775

Собранието на Република Македонија на 46. седница ја именуваше д-р Анита Ангеловска Бежоска за гувернерка на Народната банка на Република Македонија (НБРМ). За неа гласаа 81 пратеник, воздржани и против немаше.

Ангеловска Бежоска е првата жена-гувернер на НБРМ, а на оваа позиција доаѓа од вицепремиерското место во Банката.

Нејзин претходник беше Димитар Богов.