Ново пријателство на „Еуроимпекс“ и МОБ во пресрет на Мајските оперски вечери

683

Во пресрет на овогодинешните 46. по ред Мајски оперски вечери, Македонската опера
и балет подготвува прекрасни доживувања за љубителите на уметноста под мотото
#ГоСлавимеПучини.

По повод 160 годишнината од раѓањето на овој безвременски мајстор на операта, Македонската опера и балет подготви програма од неговите најпопуларни дела, поддржани со гости солисти од целиот свет. Оваа година, публиката на Мајските
оперски вечери, во нејзината официјална програма, ќе може да проследи 5 оперски
изведби, еден оперски и еден гала балетски концерт. Како дополнително уживање во
месецот на операта, Македонската опера и балет подготвува две изложби и две промоции на книги.

– Со 46 те Мајски оперски вечери имаме чест да Ви најавиме дека наш нов пријател на културата и на нашата институција е Еуроимпекс. Како љубители и поддржувачи на
културата се надеваме на долгогодишна соработка во областа на балетската и оперската уметност. Наша чест е што добиваме пријатели кои ќе се грижат за сите наши патувања да бидат сигурни, достоинствени и успешни. Наша „дестинација“ ќе биде успехот на МОБ на европските врвни сцени“ – изјави в.д. директорот на МОБ Ќазим Асотиќ.

На тоа додаде Ана Николоска, менаџер за медиуми и односи со јавност во Еуроимпекс „Низ сите овие години, преку континуирано справување со екстерни и интерни фактори кои вршат влијание врз работењето, како и преку процесот на активно учење, Еуроимпекс прерасна во компанија високо позиционирана на пазарот. Покрај сите 11 брендови со кои успешно стопанисува компанијата, во јавноста сме најпознати како генерален увозник за автомобилскиот бренд „Пежо“.

Брендот „Пежо“ е со повеќе од 200 години постоење, 200 години традиција и успешен
развој со постојано инвестирање во технолошки иновации, безбедносни системи од
најновата генерација. Пеугеот брендот понудува најмлада и најсовремена гама на
автомобили меѓу кои како водич на брендот моментално го издвојувме СУВ моделот
„Пежо 3008“.

Со големо задоволство можам да кажам дека на ваков автомобил и бренд со повеќе од
200 години постоење и традиција, сосема му прилега една институција како Македонска Опера и Балет која е основана во далечната 1947 година и исто како и овој бренд има зад себе мноштво успеси и постојано инвестира во своето работење и се стреми кон задоволување и поттикнување на вљубениците во уметноста, а зад која стои Ќазим Асотиќ кој претставува најголем амбасадор на оваа институција, а од денес и амбасадор на брендот Пеугеот на кој посебно му прилега автомобилот „Пежо СУВ 3008“.

Извршниот директор на „Еуроимпекс“ Зоран Серафимовски ја искажа својата благодарност и изјави: „навистина ми е драго што сме сведоци на еден ваков
нов проект со нов почетоци за една заедничка успешна приказна. Со гордост ја најавувам оваа соработка помеѓу компанијата Еуроимпекс и Македонска Опера и Балет со надеж за многу взаемни успеси и остварени проекти во иднина“.

Потоа се премина кон потпишување на меморандумот за соработка помеѓу „Еуроимпекс“ и Македонска Опера и Балет при што и официјално се предадоа клучевите од СУВ „Пежо 3008“ на Ќазим Асотиќ – в.д. директорот на Македонска Опера и Балет.