Новиот состав на Бундестагот ќе ги чини повеќе Германците

701

Нoвиот состав на германскиот Парламент е со рекорден број пратеници и ќе ги чини даночните обврзници 60 милиони евра годишно повеќе отколку досега, објави „Билд“.

Според нацрт пресметките, трошоците на Бундестагот ќе се зголемат за 9,8 отсто и во оваа година ќе изнесуваат 955,4 милиони евра. Најголем дел од трошоците се за соработници кои ги вработуваат пратениците и кои само оваа година ќе бидат 240 милиони евра. Бројот на пратеници е зголемен од 631 на 709.

Претседателот на Бундестагот, Волфганг Шојбле предупредува на нужност за промени на законот, со кој би бил реформиран изборниот закон.

Бројот на пратеници е во пораст поради комплицираниот германски изборен систем и така наречени прекубројни мандати кои се формираат кога во една сојузна покраина ќе бидат избрани повеќе кандидати од една партија отколку што на партијата и припаѓа поради изборни листи.

Германците на изборните ливчиња бираат посебно партија и посебно кандидат.