НЛБ Банка трета година по ред прогласена за најдобра

78

НЛБ Банка АД Скопје трета година по ред е прогласена за Најдобра банка во земјата од финансискиот магазин „ЕМЕА“. Банката е прогласена за најдобра банка за 2018 година на „Europe Banking Awards“.

НЛБ Банка АД Скопје е дел од НЛБ Групацијата и се вбројува меѓу најпрофитабилните компании во Северна Македонија, со остварена нето добивка од 34,5 милиони евра во 2018 година, што се должи на континуирани продажни активности со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија, засилен финансиски сервис за корпоративните клиенти и на значајните инвестиции во електронските сервиси.

Инвестициите во дигитализацијата и новите технологии, подобрениот квалитет на средствата и посветеноста на сите вработени ја водат НЛБ Банка кон остварување на извонредни финансиски резултати. Банката постојано добива признанија за своите резултати и постигнувања и е континуирано препознаена како најнаградувана банка.