НЛБ Банка со промотивна кампања за Mastercard кредитните картички

92

НЛБ Банка во периодот од 20.09.2019 до 20.10.2019 година спроведува промотивна кампања за НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица (Mastercard Standard, Mastercard Light, Mastercard Gold и Mastercard haPPy).

Во рамките на промотивниот период сите апликации за НЛБ Mastercard кредитните картички (Mastercard Standard, Mastercard Light и Mastercard Gold) ќе бидат без членарина за првата година. Исто така, сите нови и постојни корисници на НЛБ Mastercard кредитните картички кои во промотивниот период ќе направат најмалку 10 ПОС трансакции на било кое продажно место во земјата и странство, ќе бидат ослободени од плаќање на членарина за следната година на користење.

Воедно, корисниците на сите НЛБ Mastercard кредитни картички кои во промотивниот период ќе направат минимум 10 ПОС трансакции во вкупен износ од над 5.000 денари ќе добијат и специјален подарок ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР во износ од 500 денари.