НЛБ Банка избрана за најдобра банка во Р. Македонија според финансискиот магазин „Еуромани“

58

На 10 јули 2019 година, на свеченото доделување на „Еуромани“ наградите во Лондон, НЛБ Банка АД Скопје е прогласена за најдобра банка во Р. Македонија. На годинешното јубилејно 50. свечено доделување на наградите на реномираниот британски магазин „Еуромани“ беа доделени награди на најдобрите банки и финансиски институции од целиот свет. НЛБ Бaнка АД Скопје е добитник на наградата за најдобра банка во Р. Македонија, што претставува уште една потврда за нејзиното успешно работење и остварените позитивни резултати.

Доделувањето на Еuromoney наградите се базира на различни критериуми, при што покрај остварените деловни резултати, се земаат предвид пазарната позиција, иновативноста, новите услуги, системот на управување и професионалноста на вработените. Процесот на избор трае повеќе од два месецa со учество на новинари и кореспонденти на „Еуромани“ магазинот кои го имаат завршниот збор при изборот на добитниците на наградите.

НЛБ Банка и понатаму ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови и како современа и иновативна банка да биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси. Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, континуирано ќе ја осовременува и проширува мрежата на експозитури, сè со цел поголема достапност за клиентите, поедноставување на работењето и подобрување на услугите кои ги нуди.

Покрај наградата за НЛБ Банка АД Скопје, оваа година НЛБ Групацијата е добитник на уште три награди: награда на НЛБ д.д. Љубљана за најдобра банка во Словенија, награда за најдобра трансформација во регионот на Југоисточна Европа и награда за НЛБ Банка Подгорица за најдобра банка во Црна Гора. НЛБ Групацијата е единствена универзална финансиска институција фокусирана исклучиво на регионот на Југоисточна Европа и нуди сеопфатна понуда на финансиски продукти и услуги.

Повеќе за „Еуромани“
Веќе 50 години „Еуромани“ е водечки магазин кој го покрива растот на меѓународните финансии. За само една година овој магазин има реализирано интервјуа со 100 извршни директори на банките, министри за финансии и гувернери на Централните банки од целиот свет.

Доделувањето на наградите на „Еуромани“ датира од 1992 година и се одржува секоја година. Оваа година имаше пријавено речиси 1.000 финансиски институции кои влегуваат во трката за 170 награди. Наградите на „Еуромани“ се награди кои се од исклучително значење за банките и воопшто банкарскиот сектор.