Николовски: Се подготвува понуда на македонска зелка за рускиот пазар

2882

е подготвува понуда на македонска зелка за рускиот пазар. Се собираат податоците за расположливите количини и цените. Интензивно се водат разговори за пласман, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

По средбата со винарите во Градско, Николовски нагласи дека и денеска претставници од Министерството ќе имаат средба со производителите од Струмичко.

Украина и Русија засега не увезуваат македонска зелка зашто имаат прилив од други земји по многу поконкурентни цени.

– Во овие неколку часа се подготвуваат информации кои ќе бидат испратени до Македонско-руската стопанска комора која ги води разговорите. Верувам дека ќе имаме резултат – истакна министерот.

Според него, се вложуваат максимални напори не само за олеснување на извозот, туку и за обезбедување нови пласмани.

– Секој ден сме на терен во Струмичко. Вложуваме максимални напори да го олесниме извозот, но притисокот од други земји е многу голем и си го прави своето. Цената е многу поконкурентна од нашата, потенцира Николовски, додавајќи дека со Москва се разговарало и за царинските давачки кон Македонија. Средби со производителите од Струмичко ќе има и утре зашто Министерството упорно се труди да најде решение- рече Николовски.

Цената на зелката во моментов, според министерот, е 12 денари за килограм.