На „Еуростандард банка“ трајно ѝ е одземена дозволата за вршење услуги со хартии од вредност

85
Фото: Игор Бансколиев

Комисијата за хартии од вредност на 77-тата седница со која претседаваше претседателот на КХВ, Нора Алити, на „Еуростандард Банка“ АД Скопје – Дирекција за услуги со хартии од вредност трајно и ја одзема дозволата за работа за вршење услуги со хартии од вредност. Ваквата одлука, Комисијата ја донесе откако беше доставено известување и Решение од Народната Банка за укинување на дозволата за основање и работење и исполнување на условите за отворање на стечајна постапка.

Поради овие ново настанати околности, Комисијата за хартии од вредност ги задолжи Македонската Берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, „Еуростандард Банка“ АД Скопје да ја исклучат од членство, така што Дирекцијата за услуги со хартии од вредност повеќе нема да врши услуги поврзани со работењето со хартии од вредност, односно нема да биде овластен учесник на пазарот на хартии од вредност.

Комисијата за хартии од вредност нагласува дека нашиот пазар на хартии од вредност останува да биде стабилен, функционален и целосно ефикасен. Истовремено укажува дека трговските трансакции со хартии од вредност кои до укинувањето, односно одземањето на дозволата на банката биле склучени, ќе се реализираат во целост согласно важечките законски прописи и правила.

Клиентите кои услугите на пазарот на хартии од вредност ги остварувале преку Дирекцијата на „Еуростандард Банка“ АД Скопје ќе можат да ги вршат преку другите овластени учесници на пазарот на хартии од вредност.