Најбогатите луѓе во САД поседуваат 70 отсто од вкупното богатство

186

Најбогатите 10 отсто од домаќинствата во САД поседуваат 70 проценти од вкупното богатство на домаќинствата, покажува најновиот извештај на „Дојче банка“, чија оценка ја пренесе главниот економист, Торстен Слок, кој пак се повикува на новиот извештај на Федералните резерви (Фед).

Во оваа студија се наведува дека богатството на еден процент од најбогатите домаќинства во САД во тој период се зголемило од 23 на 32 проценти.

Аналитичарите утврдиле дека причината за растот на богатството во првите десет отсто, е тоа што пораснал уделот на нивните имоти во тој период од 55 на 64 отсто, додека истовремено речиси исто се намалил имотот на средната и високо средната класа.

Слок вели дека тоа делумно е резултат на експанзивната монетарна политика на Фед, по финансиската криза во 2008 година, благодарение на која растеа цените на недвижностите и акциите во последните десет години.