Народна банка: Ќе продолжи економскиот раст

91

Советот на Народната банка на редовна седница, на која ги разгледа најновите макроекономски показатели, утврди дека истите тие упатуваат на здрави економски фундаменти и отсуство на нерамнотежи во економијата.

Според најновите показатели за економската активност, таа расте во првата половина на оваа година, при годишен раст на бруто-домашниот производ од 3,6 отсто. Податоци за третото тримесечје посочуваат на натамошен раст. Инфлацијата и понатаму е во зоната на умерени промени, при просечен годишен раст на цените од 1,1 отсто во првите осум месеци од 2019 година, што е нешто помалку од очекувањата.

Неизвесноста околу проектираното движење на светските цени на примарните производи и понатаму е главниот ризик за динамиката на инфлацијата.

– Посебен фокус беше ставен на надворешната позиција, која беше оцената како поволна. Нискиот дефицит во тековната сметка и финансиските приливи овозможуваат постојан откуп на девизи на девизниот пазар од страна на Народната банка и раст на девизните резерви. Во однос на движењата во монетарниот сектор беше одбележано дека растот на вкупните депозити и вкупните кредити е непрекинат и главно е во рамките на очекувањата – додаваат од банката.