Народна банка почна со објавување на серијал текстови „Економија за секого“

104

Народна банка почна со објавување на серијал кратки едукативни текстови „Економија за секого“ наменети за сите сегменти од популацијата.

– Преку овие текстови, на едноставен јазик, ќе се обидеме да објасниме одредени поими или појави од областа на макроекономијата, финансиите и банкарството. Се надеваме дека преку серијалот ќе го доближиме нашето работење до јавноста и ќе придонесеме за подобро разбирање на повеќе економски прашања коишто имаат одраз во секојдневното живеење, а се директно или индиректно поврзани со централнобанкарското работење- велат од Народната банка.

Првиот текст од серијалот веќе е објавен на веб страницата на Народната банка. 

Со овој серијал, како што информираат од Народната банка, се вбројуваат во редот на централнобанкарските институции со слични вакви активности како дел од напорите за поголема едукација на населението.