Намален бројот на туристите изминатиот месец

114
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во мај годинава во земјава се евидентирани 98.998 туристи, кои оствариле 205.356 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на туристите во мај 2019 година во однос на истиот месец лани е намален за 4,8 отсто, а бројот на ноќевањата за 2,8 проценти.

Бројот на домашните туристи е намален за 4,1 отсто, а на странските за 5,2 проценти.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2019 година, во однос на мај 2018, е намален за 11,7 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2,1 процент.

Во периодот јануари – мај 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 0,1 отсто. Притоа раст има кај домашните туристи за 2,6 проценти, додека кај странските има намалување за 1 отсто.
Бројот на ноќевањата е намален за 0,3 проценти, при што кај домашните туристи за 0,4 отсто, а кај странските за 0,2 проценти.