Милениците се добредојдени во салонот на телекомуникацискиот оператор „НЕОТЕЛ“

28

Телекомуникацискиот оператор „НЕОТЕЛ“ ги отвори вратите за домашните миленици. Без оглед на големината, тежината или расата, сите се добредојдени.

Корисниците, а и оние кои се заинтересирани за услугите на „НЕОТЕЛ“, повеќе не треба да бидат загрижени дали нивното милениче смеат да го донесат во продажниот салонот. Додека се информираат или склучуваат договор миленичето може удобно да се смести во салонот или на местото изработено за таа намена.

Со ова „НЕОТЕЛ“, покрај тоа што сака да се доближи до своите постоечки и идни корисници, сака да ја подигне и поттикне свеста за грижата и љубовта кон домашните миленици.

Салонот е отворен секој работен ден од 9 до 20 часот, како и сабота од 9.30 до 15.30 часот. За повеќе информации за „НЕОТЕЛ“ кликнете на следниот линк.