МЗШВ: Бостанот редовно се откупува, нема потреба од интервентни мерки

58

Бостанот редовно се откупува. Колку што е побарувачката, толку и се пласира, рече денеска Трајан Димовски, шеф на Кабинет на министерот за земјдоелство.

Според Димковски, состојбата на терен се следи и засега нема потреба од интервентни мерки.

– Земјоделците секогаш бараат денар повеќе и тоа е нормално. Но, ние не носиме одлуки врз основа на барање на еден или двајца производители, туку врз основа на конкретни анализи, потенцира Димковски одговарајќи на новинарски прашања пред настанот по повод Меѓународниот ден на задругите.