Методија Ристоски е избран на нов претседател на Нотарската комора

102

Нотарската комора на Република Северна Македонија изврши избор на претседател и на членови на органи за мандатниот период 2020 – 2023 година, на редовното Изборно Собрание одржано на 4 јули.

За претседател на Нотарската комора на Република Северна Македонија за мандатниот
период 2020 – 2023 година е избран нотар Методија Ристоски од Скопје.