Маск најави отворање на „гигафабрика“ во Германија

162

Директорот на Тесла Елон Маск најави дека Германија е водечки кандидат за отворање на првата „гигафабрика“ во Европа.

– Веројатно најлогичен избор е некаде на германско-француската граница, во близина на државите од Бенелукс- напиша Маск на Твитер.

Тесла има помала фабрика во Германија, во близина на границата со Белгија, каде изработува машински системи потребни за идната планирана огромна фабрика за батерии. Гигафабриката, која Маск ја гради во американската сојузна држава Невада, треба да произведува батерии за автомобилите на Тесла, но и батерии за домашна употреба, во кои ќе може да се складира енергија доволна да се напојува домот одредено време. Според развојните планови на Тесла, компанијата ќе отвори вкупно четири „гигафабрики“.