МАПАС издаде дозвола за основање на трето пензиско друштво

118

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС денеска издаде дозвола за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови на Заваровалница Триглав ДД Љубљана, Република Словенија.

Од Агенцијата соопштија дека, заедно со дозволата издале и условни одобренија за управување со задолжителен пензиски фонд и за управување со доброволен пензиски фонд на Заваровалница Триглав ДД Љубљана, Република Словенија.

– Овие одобренија се условни до основање на друштвото и упис на пензиското друштво во Централен регистер на Република Северна Македонија- нагласија од МАПАС.

Посочија дека, со тој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и се претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови.