Макрадули: Без исполнети обврски, Југохром нема да почне со работа

564

Сè додека Југохром не ги исполни условите и не се вложи во заштитата на животната средина не треба да работи, рече денеска заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, одговарајќи на прашање за време на акцијата за чистење на езерото Козјак.

– Инвеститорот си презеде свои обврски и за жал доцнат со исполнувањето на тие обврски. Ние сме решени сè додека не се исполнат тие услови за дозволата што ја имаат, Југохром да не може да работи – истакна Макрадули.

Тој додаде дека не се разговарало за нови рокови за изградба на филтрите, иако минатата година беше најавено дека Југохром ќе почне со работа во март или април оваа година.