Македонските туристи лани потрошиле 155 милиони евра на грчките плажи

489

Повеќе од милион македонски туристи лани летувале во Грција, при што потрошиле 155 милиони евра, покажуваат статистичките податоци во годишниот извештај од Банката на Грција.

Според податоците, лани речиси еден милион и двесте илјади Македонци ја посетиле Грција што е за 25 проценти помалку од претходната 2017 година.
Пред четири години, Грција ја посетиле над три милиони туристи од Северна Македонија.

Грчката статистика покажува тренд на намалување на македонските туристи, но зголемување на бројот на другите туристи.

Само за 4 години бројот на туристи од земјава во Грција е за два и пол пати намален. Туристичкиот профит за Грција од туристите од Северна Македонија, за 2018 достигнува 155,3 милиони евра, 13,6 отсто помалку во споредба со 2017, додека во 2015, кога бил регистриран и најголем број туристи од земјава што ја посетиле Грција, приходите за јужниот сосед достигнале до 247 милиони евра.

Најголем број туристи во Грција доаѓаат од Германија. Само лани пристигнале 4.381.400, а со тоа, минатата година, Грција од нив имала и најголем профит 296,1 милиони евра.