Македонските инвестициските можности презентирани во ОАЕ

843

Можностите за инвестирање и економската состојба во Македонија беа претставени на 8. издание на Годишниот инвестициски самит што од 9 до 11 април се одржува во Дубаи под покровителство на шеик Мохамед Бин Рашид Ал Мактум, потпретседател на Обединетите Арапски Емирати и премиер на Дубаи.

На самитот учествува министерот за економија Крешник Бектеши кој реализираше бројни средби со заинтересирани инвеститори.

Министерството за економија соопшти дека министерот Бектеши остварил средба со претприемачот Б.Р. Шети, кој важи за еден од најуспешните бизнисмени на глобално ниво и еден од најбогатите луѓе во Обединетите Емирати. Тој изразил интерес во наредниот период да ја посети Македонија за одблизу да се запознае со можностите за инвестирање.

Шети е присутен со многу компании и фабрики во различни сектори, главно во фармацевтската индустрија. Сопственик е на глобалната фабрика NEOPHARMA и на приватнитe болници „НМЦ хоспиталс“, „Травелекс“, „ОАЕ ексчејнџ“, „Ројал“ итн.