Лицата со попреченост, најверојатно, ќе бидат вклучени во петтиот сет мерки

83

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, одговарајќи на новинарско прашање изјави дека се размислува за тоа лицата со попреченост да бидат вклучени во петтиот сет економски мерки за помош на последиците од пандемијата,

– Дел од лицата со попреченост спаѓа во групите што беа претходно опфатени, дел од пензионерите се лица со попреченост, исто така и дел од регистираните баратели на работа – рече Шахпаска.

Таа е оптимист дека оваа категорија граѓани ќе биде меѓу оние што ќе добијат економска помош од Владата.

– Вчера имавме разговор со вицепремиерот за економски прашања. На крајот верувам дека и овие лица ќе бидат вклучени, имам сознанија дека уште многу малку останале неопфатени – рече Шахпаска.