Кризата во Венецуела ја зголеми цената на нафтата

802

Цените на нафтата пораснаа во понеделник на меѓународните берзи кон 76 долари, поттикнати од продлабочувањето на економската криза во Венецуела и очекувањето на американската одлука за обнова на санкциите за Иран.

На лондонската берза цената на барелот порасна 80 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 75,67 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по 84 центи повисока цена, од 70,56 долари.

Цените ги поттикна кризата во Венецуела, голем извозник на нафта, засенувајќи го зголемувањето на американското производство, за повеќе од четвртина во изминатите две години, на 10,62 милиони барели дневно, толкуваат аналитичарите.