Костовски бара оставка од раководството на НБРМ

183

Главниот акционер на Еуростандард банка, Трифун Костовски бара раководните лица на Народната банка да поднесат оставки бидејќи, како што вели, свесно ја однеле банката во стечај и загрозиле десетици илјади правни и физички лица.

– Ако имате и трошка доблест тоа ќе го сторите веднаш – порача Костовски.

Вчера од Народна банка изјавија дека Еуростандард отишла во стечај бидејќи не ја исполнила својата законска обврска за докапитализација. Според Костовски, со изјавата Народната Банка потврдува дека сите алатки за стабилизирарање на Еуростандард банка не биле користени. Тој образложува дека Народна банка е регулатор, кој треба да ги регулира финансиските текови во државата, а не инспектор кој врз основа на инспекција изрекува и казни. Во случајов, како што тврди Косовски, Народна банка не прави разлика во поимањето регулатор и инспектор.

– Невозможно е од 6,55% адекватност на капиталот кон крајот на март 2020 година да падне на 2% адекватност, во рок од 4,5 месеци, во кои 3 месеци и 1 недела имаше вонредна ситуација. Веселата математика направена од страна на Народна банка не држи, падот од 6,55 % адекватност на капиталот на само 2 % адекватност е чиста математика, со носење на лошите пласмани во уште полоша категоризација. ЗОШТО?, ја прашувам Народна Банка, кога при тој слободен пад на адекватноста на капиталот, кој за 4,5 месеци од 6,55% падна на 2% не ги примени алатките: Вонредни мерки и Администрација – додава Костовски.