„Комкаст“ ја купи британската ТВ куќа „Скај“

32

Американскиот кабелски оператор „Комкаст“ понуди највисока цена на аукцијата за телевизиската куќа „Скај”, со што го победи „Фокс“ во директната аукција, организирана од Британскиот одбор за преземање и обединување.

Понудата на „Комкаст“ изнесуваше 17,28 фунти по акција, со што вредноста на „Скај“ достигна повеќе од 30 милијарди фунти, додека „Фокс“ за истиот пакет понуди 15,67 фунти.

Претседателот и извршен директор на „Комкаст“, Брајан Робертс рече дека тоа е „голем ден за „Комкаст“.

Околу 23 милиони претплатници и фудбалските права за Премиер Лигата ја прават „Скај“ една од најпрофитабилните телевизиски компании во Европа.