Кои се трендовите во дигиталната технологија за 2018 година?

284

Кога се во прашање трендовите, не е важно на што се однесуваат – дали е тоа модата, некој автомобил или, пак, дигитален тренд – патеката е секогаш иста: квалитетот, колку е иновативно и досега невидено, потоа самата функционалност… Сето ова одредува дали трендот ќе се задржи подолго во својот тематски свет или ќе потрае кратко. А кога се работи за технологијата, дигиталниот свет и сето она што е дел од нив, еве неколку најважни трендови за оваа година

Доколку ве интересираат случувањата во дигиталниот свет, светот на технологијата, современите комуникации и, воопшто, животот што се одвива надвор од улицата, тогаш сигурно ги следите новините што секојдневно се појавуваат и се промовираат во јавноста. Меѓутоа, како и во случајот со сѐ друго, секогаш се издвојуваат оние работи што веднаш стануваат популарни, кои се стремат кон тоа да станат тренд, како и оние работи што бргу се забораваат, па ретко кој се сеќава дека воопшто постоеле.
Кога се во прашање трендовите, не е важно на што се однесуваат – дали е тоа модата, некој автомобил или, пак, дигитален тренд – патеката е секогаш иста: квалитетот, колку е иновативно и досега невидено, потоа самата функционалност… Сето ова одредува дали трендот ќе се задржи подолго во својот тематски свет или ќе потрае кратко. А кога се работи за технологијата, дигиталниот свет и сето она што е дел од нив, еве ги трите водечки тренда за годинава. Се разбира, не се работи само за она што веќе ѝ е претставено на јавноста туку и за изумите што стануваат сѐ попопуларни.

ИП-камери за видеонадзор
Вљубениците во технологијата одвај дочекаа да се измисли нешто во вид на ајпи-камера за видеонадзор, заради многубројните желби конечно да се создаде слика со неверојатно добар квалитет и резолуција, но не само слика туку и видеоснимка.
ИП- камерите за видеонадзор не се ништо новост во сферата на технологијата, но во денешниот свет стануваат сѐ побарани поради можностите што ги нудат.
Најважно од сѐ е дека овие камери за видеонадзор имаат способност за неверојатно изострување на сликата, а тоа ја дозволува можноста да се препознае нечие лице по пат на разни системи и јасно да се видат регистрации на автомобили на голема оддалеченост. Покрај тоа, со нивна помош можете да снимате огромни пространства, без разлика дали се работи за внатрешноста на објектот или, пак, за неговата околина.
ИП-камерите за видеонадзор може да се приклучат на системот на компјутерската мрежа, поради што се помали и трошоците за инсталирање, а освен тоа, може да се поврзат и со други системи (контролни, алармни), па според сето ова, излегува дека овие камери за видеонадзор и годинава остануваат еден од водечките трендови.

Влијателните личности се на врвот на топ-листата
Ако знаете што се инфлуенсери, тогаш еве ви доказ за зголемувањето на нивното значење и за фактот дека маркетингот на овие влијателни личности се развива во еден од водечките трендови во светот на продажбата. Додека порано маркетингот и продажбата ги имаше на телевизиски реклами, во печатени медиуми, на летоци и најразлични промотивни материјали, генерациите што растат во дигиталната ера имаат потреба од поинаков пристап, а токму 2018 година се смета за една од најважните досега кога се во прашање инфлуенсерите, т.е. влијателните личности на социјалните мрежи.

Новиот тренд на видеата – подолготрајност
Многубројните истражувања докажаа дека луѓето сакаат да гледаат видеосодржини на различни платформи на Интернет, што доведе до нагорен тренд во снимањето на ваквите материјали. Сепак, порано се снимаа кратки, ефектни видеоснимки, кои го задржуваа нашето внимание од почетокот до крајот.
Како што најавуваат маговите на дигиталниот свет, во текот на 2018 година еден од главните трендови ќе биде снимањето видеа подолги од вообичаените 5 минути, токму поради големиот број луѓе во светот што секојдневно и по неколку часа гледаат видеоснимки на Јутјуб, Фејсбук или на Инстаграм.