Кинеските економски податоци ја спуштија цената на нафтата под 61 долар

303

Цената на нафтата падна денеска на меѓународните берзи под нивото од 61 долар откако најновите податоци од Кина покажаа побавен економски раст, сигнализирајќи послаба побарувачка за енергенси кај најголемиот увозник на нафта во светот.

На лондонската берза цената на барелот падна 55 центи во однос на претходното затворање, на 60,90 долари за барел. На американската берза барелот се тргуваше по 35 центи пониска цена, од 52,23 долари.

Одвоено, ОПЕК утрово информираше дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта изнесувала 58,67 долари, што значи дека паднала 53 центи во однос на претходниот ден од тргувањето.