Кинеската економија не трпи застој – следната недела на работа се враќаат 160 милиони луѓе

94

Кина очекува околу 160 милиони луѓе да се вратат на работните места следната недела, бидејќи земјата се обидува да го намали економското влијание од коронавирусот.

Си-ен-ен пишува дека следниот вторник го означува официјалниот крај на периодот на лунарната Нова година, кој годинава беше засенет од вирусот што однесе повеќе од 1.110 животи во континентална Кина.

Огромната мобилизација на луѓе доаѓа и покрај претходните предупредувања до граѓаните да избегнуваат големи собири.

На брифинг кој се одржа во вторникот, кинеските власти соопштија дека ќе бидат преземени мерки за да се намали ризикот од пренесување.

Овие мерки вклучуваат ограничување на бројот на патници во возовите и автобусите, подобрување на стерилизацијата во јавниот превоз и вршење на проверки на температурата на патниците, рече Су Јахуа, директор на Одделот за транспортни услуги.