Кинези ќе произведуваат електрични автобуси во Србија

149

Кинескиот производител на електрични автобуси „Јинлонг“ за два месеца ќе започне да ги користи погоните на „Икарбус“ во Белград, каде што треба да се монтираат електрични автобуси кои ќе се користат во градскиот сообраќаен превоз, јави РТС.

Кинезите сакаат автобусите што ќе се произведуваат во „Икарбус“ да бидат европски производ, по потекло од Србија, што, како што наведува РТС, создава голем потенцијал за изградба на нови помали фабрики кои ќе бидат соработници во овој проект.

Тие планираат и изградба на фабрика за батерии во Србија.