„Катар ервејс“ ги инспирира патниците да го разбудат авантуристот во себе со патување до некоја од портите кон светот

72

Патниците што ќе резервираат лет од 10 до 18 септември може да ги искористат одличните цени на летови кон голем број возбудливи дестинации како и тројни „Q милји“ за членовите на „Привилиџ клубот“

„Катар ервејс“ ги инспирира патниците да го разбудат авантуристот во себе или да одвојат време за зближување со семејството и пријателите, со тоа што ќе го испланираат следното патување до некоја од бројните прекрасни и уникатни дестинации што авио компанијата ги нуди. Без оглед дали веќе планирате патување или се обидувате да се вратите во реалноста по некое патување, „Катар ервејс“ сака да Ве поведе на нова авантура до една од неверојатните порти до пространиот и разновиден свет.

Ги повикуваме патниците да го испланираат нивното следно патување со „Катар ервејс“ и да ги искористат одличните цени кои почнуваат од 419 ЕУР. Нудиме и дополнителни понуди како пониски цени за хотели, изнајмување автомобили и услуги за пречек на „Ал Маха“, достапни со резервација направена на „qatarairways.com“.

Членовите на „Привилиџ клубот“ ќе заработат тројно повеќе „Q милји“ кога ќе резервираат онлајн на „qatarairways.com“ и ќе се регистрираат за понудата на
qmiles.com. Дознајте повеќе за понудите тука.

Според зборовите на Извршниот комерцијален директор на „Катар ервејс“: Патувањето е едно од најубавите искуства со кое може да се наградиме себеси и нашите најблиски. Со него го збогатуваме животот, ги исполнуваме амбициите и добиваме храброст да го изодиме нашето патување кон откривање на себеси. Има многу извонредни места низ светот кои допрва треба да се откријат – од чуда на природата и разновидни пејзажи, до напредни космополитски градови, а „Катар ервејс“ сега нудат повеќе места на поголем број летови на поголем број дестинации од кога било претходно.

Ја претвораме во реалност суштината на нашиот бренд – „Патуваме заедно“ – и ги повикуваме купувачите, без оглед дали се постојни или нови, да најдат инспирација и да станат дел од овој етос и уште денес да ја испланираат нивната најнова авантура со „Катар ервејс“.“

Како една од најбрзо растечките авио-компании во светот, „Катар ервејс“ има современа флота од преку 200 авиони кои летаат до деловни и туристички дестинации на шест континенти. Денес, во 20-тата година од своето постоење, повеќекратно наградуваната авио-компанија најавува понуда за 16 нови дестинации како дел од нејзината мрежа на глобална рута во 2018-2019 година, меѓу кои се Гетеборг, Шведска; Талин, Естонија; Валета, Малта; Лангкави, Малезија; Да Нанг, Виетнам и директен лет до Луксембург што е прва услуга од таков вид за земјите од Заливот.

Националниот авио-превозник на Државата Катар неодамна доби четири престижни награди на годинешниве Светски награди за авио-компании 2018, под раководство на меѓународната организација за оценување авионски транспорт – „Скајтрекс“ (Skytrax), откако ги доби титулите „Најдобра бизнис класа во светот“, „Најдобри седишта во бизнис класа“, „Најдобра авио-компанија на Средниот Исток“ и „Најдобар авио-компаниски салон за прва класа во светот“.

За да го резервирате следното патување со „Катар ервејс“, ве молиме посетете продажен салон на „Катар ервејс“ или некоја туристичка агенција, или пак посетете нè на интернет-страницата на „Катар ервејс“ за да дознаете повеќе за дестинациите и промоциите што ги нудиме.