Индустриското производство во Македонија падна за 27 отсто

60

Во текот на месец мај годинава, индустриското производство се намалило за 27 отсто во споредба со истиот месец во 2019 година, објави Државниот завод за статистика.
Како што се наведува во соопштението на ДЗС, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 4,3 отсто, додека во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 32,1 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14,6 отсто.

– Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите за прехранбени производи, пијалаци, тутунски производи, текстил, облека, други неметални минерални производи, метали, фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, електрична опрема, машини и уреди, неспомeнати на друго место и моторни возила, приколки и полуприколки – се наведува во соопштението.

Индустриското производство во периодот јануари – мај 2020 година, во однос на истиот период минатата година, бележи опаѓање од 14,4 проценти.