Икеа ќе отвора мали градски продавници

224

Шведската компанија Икеа одлучи да воведе драстични промени во работењето, по 30 години функционирање.

Компанијата планира да почне да отвара мали градски продавници наместо големите препознатливи центри.

– Мора да одговориме на навиките на купувачите. Затоа наш приоритет ќе биде отворање мали градски продавници и развој на онлајн продажбата, но и достава на производите – изјави Хавиер Квинонс, менаџер во Икеа.

Прва ваква продавница ќе се отвори во Лондон оваа есен. Подоцна овој начин на работа треба да се прошири во други земји.

Икеа не соопшти дали ова ќе значи крај за нивните големи центри.