Извршниот директор на Интел поднесе оставка поради врска со вработен во компанијата

167

Интел неочекувано објави дека главниот извршен директор и долгогодишен вработен, Брајан Крзанич, ќе се повлече од функцијата. Одлуката влегува во сила и тој ќе престане да врши било каква функција.

Во официјалното соопштение се наведува дека причината за овие промени во менаџерска структура на Интел се испровоцирани од тајна врска, која Крзанич ја одржувал со друг вработен во компанијата. Истрагата за случајот продолжува со целосна сила, се вели во официјалното соопштение.

Однесувањето на извршниот директор е во спротивност со утврдените вредности на Интел и е спротивно на правило кое ги опфаќа сите менаџери и директори на одделот, објави „Врџ“.

Името на работникот со кого поранешниот шеф на Интел имал лични односи останува тајна за јавноста. Оставката на шефот е едногласно прифатена во контекст на ситуацијата и има за цел да покаже на други вработени на Интел дека правилата мора да ги почитуваат сите, без оглед на позицијата која ја заземаат.

Брајан Крзанич е дел од Интел уште од далечната 1982 година, каде практично го поминал поголемиот дел од својата кариера. Првата менаџерска позиција му е понудена во 1996 година и во последната деценија се избори на неговиот пат до највисоката позицијата во Интел. Откако беше поставен како главен оперативен директор во 2012-та, само една година подоцна ја презема целосната контрола на технолошкиот гигант.

Неговата позиција ќе биде зафатена привремено од Роберт Свон, кој досега беше финансиски директор.