Земјоделството страда од климатските промени

94

Земјоделците тешко прифаќаат дека треба да се приспособат на климатските промени, а причина за тоа е и фактот оти штетите од временските непогоди им ги покрива државата. Освен тоа, нема ниту финансии, ниту податоци за истражувања, а адаптивните капацитети на земјава поради малите приноси се ниски, велат експертите.

Ова се генералните оцени од шестата сесија на Работната група 1 за земјоделство и рурален развој, на Националната конвенција за Европската Унија. Меѓу другото учесниците на сесијата посочија дека преземените чекори досега се мали, како и постигнатите ефекти, иако биле субвенционирани неколку мерки за борба со климатските промени.

На удар од климатските промени се сите култури што се одгледуваат на отворено, независно дали се наводнуваат или не. Најголеми загуби од климатските промени има кај грозјето, пченицата, јаболката, пиперот, доматот, но и кај животните, поточно кај овците и говедата.