Зголемен интерес за субвенциониран годишен одмор кај работниците со ниски примања

49

Единствен услов за добивање поддршка за годишен одмор е семејството на работникот што аплицира, да нема месечни приходи поголеми од 22.000 денари. Минатата година за оваа владина мерка имало 1.100 апликации

Вкупно 1.300 работници ги исполниле условите и добиле ваучери за субвенциониран годишен одмор од пријавените над 1.900 на огласот од втори април до 31 мај годинава.
Како што истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, со оглед на тоа што со оваа бројка ќе бидат исцрпени 20 милиони денари од предвидените 30, распишан ќе биде уште еден оглас кон крајот на август.
– Првиот повик покажа дека интересот за субвенциониран годишен одмор е зголемен за 68 отсто. Работниците може да ги користат ваучерите во еден од 30-те хотели со кои имаме потпишано меморандуми за соработка и зависно од цената на аранжманите, да престојуваат кај нив, два, три или седум дена – истакна Бектеши.
Единствен услов за добивање поддршка за годишен одмор е семејството на работникот што аплицира, да нема месечни приходи поголеми од 22.000 денари. Минатата година за оваа владина мерка имало 1.100 апликации.
– Целосно сме посветени на зголемување на домашниот туризам, но и на тоа да им помогнеме на домашните угостители да го зголемат својот обем на работа и надвор од сезоната – нагласи Бектеши.