Зголемените косовски царини ја чинеле Македонија околу 180.000 евра

59

На околу 180.000 евра или 2.000 тони нереализиран извоз, се проценува штетата од косовската одлука со која царините за овошјето и зеленчукот беа зголемени за 30 отсто, рече денеска шефот на кабинетот во Министерството за земјоделство Трајан Димковски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Димковски нагласи дека штетите се пресметани врз основа на извозот реализиран лани од 18 до 31 јули, период во кој годинава важеше одлуката на Владата на Косово.

– Косово ја воведе одлуката со која ги зголеми царините на 18 јули годинава, по што донесе делумно укинување, а потоа одлуката беше и целосно повлечена. Лани во овој период, од 18 до 31 јули Македонија на Косово извезла околу 2.000 тони земјоделски производи во вредност од 180.000 евра – истакна Димковски.