Започна откупот на тутун во Прилеп

121

Во државната компанија А.Д. Тутунски комбинат денеска започна откупот на тутунот од годинашната реколта. Ова е втора компанија по „Соко таб“, што започна со откупот на тутунот од пријавените десет кои годинава треба да преземат околу 23 илјади тони тутун.

Во посета на Тутунскиот комбинат денеска дојде и министерот за земјоделство Ајранит Хоџа кој изјави дека не очекуваат проблеми со откупот на тутунот, а Инспекторатот будно ќе ја следи состојбата на теренот. Министерот Хоџа вели рано е да се говори за проценка и дека се што е договорено ќе биде откупено.

Според Кире Станкоски, директор на Тутунскиот комбинат Прилеп откупот на тутунот во компанијата освен во градскиот пункт ќе се врши на уште 20 пунктови со 31 вага. Пунктовите во населените места ќе бидат отворени деновиве. Најави реална проценка на тутунот и исплата на парите по еден ден од преземањето.

Тутунарите на стартот на откупот не се баш многу задоволни од проценката на годинашниот род, но очекуваат дека ќе се промени линијата за проценка на тутунот. Менде Стомнароски од Сојузот на земјоделски здруженија на Македонија најави дека се ќе преземат за заштита на тутунарите, да има реална проценка на тутунот. Ка.М.