Започна аплицирањето за Еуролинк стипендија за студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“

93

Традиционално шеста година по ред, со досега над 130 стипендирани студенти, Еуролинк осигурување распишува конкурсот за доделување на 30 Еуролинк стипендии наменети за сите редовни студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при УКИМ, и тоа: 5 стипендии наменети за редовните студенти на додипломски студии (прв циклус) во поединечна вредност од 40.000,00 денари и 25 стипендии за студентите на постдипломски студии (втор циклус) во поединечна вредност од 60.000,00 денари. Вкупната вредност на стипендиите за прв и втор циклус изнесува 1.700.000,00 денари.

Право на аплицирање имаат сите редовни студенти кои се запишани на прв и на втор циклус студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при УКИМ и кои имаат редовен упис во учебната 2018/2019 година и кои исполнуваат услов за упис во учебната 2019/2020 година. За аплицирање за стипендијата потребно е студентите да ги исполнуваат следните услови: да имаат остварено просечен успех од положени испити од најмалку 8,5, да не се корисници на друга стипендија, да го задржат статусот редовен студент со просечен успех од 8 во учебната година кога ќе ја користат стипендијата, да достават потврда за редовен студент за учебната 2019/2020 година, пополнет пријавен лист за доделување стипендија (кој може да се преземе од интернет-страницата на Еуролинк осигурување), уверение од положени испити, куса биографија (пожелно да биде во ЕУ формат ) и есеј на тема „Улогата на студентите во општествените промени“, од најмногу 500 збора.

Еуролинк ги поканува студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при УКИМ да ги поднесат своите апликации за Еуролинк стипендија од денес, 23.5.2019, до 1.10.2019 година. За начинот на доставување на документите, потребните документи и апликацијата, студентите може да се информираат и да ги преземат од интернет-страницата на Еуролинк www.eurolink.com.mk. Кандидатите треба да ги достават документите во 5 примероци (1 оригинал и 4 копии на комплетот) во затворено плико на кое е назначено дека е апликација за Еуролинк стипендија, преку архивата на Факултетот во печатена форма до: проф. д-р Александра Груевска-Дракулевски, Одбор за доделување „Еуролинк стипендија“, Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје при УКИМ, бул. „Гоце Делчев“ бр. 9Б, 1000 Скопје, во Архивата на факултетот и во електронска форма на електронската адреса: [email protected] Пријавите кои немаат целосна документација и кои не се доставени навремено и на наведениот начин нема да се разгледуваат и оценуваат.

Еуролинк стипендиите се наменет за студентите да ги покријат трошоците за кофинансирање и како поттик за успешно завршување на нивните студии.

Доделувањето на стипендиите за студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при УКИМ e активност во рамките на платформата за Корпоративно општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, преку која годишно се реализираат повеќе проекти од областа на образованието, културата и уметноста во Република Македонија.