Заев: Создаваме креативна, модерна, дигитална економија

37

Претседателот на Социјал демократскиот сојуз Зоран Заев се сретна со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, претставници на комората и бизнисмени од различни сектори.

Во изјавата за медиуми, Заев ја даде пред почетокот на средбата, истакна дека СДСМ продолжува со креирање на новата изборна програма која ќе понуди решенија за подобар живот за сите граѓани.

– Во подготовка сме на нашата изборна програма, којашто веруваме дека ќе стане владина програма. Во духот на консултациите тргнуваме во постапка на консултација на многу организации, здруженија, сојузи , комори, синдикати и слично, затоа што политичките партии ги претставуваат своите ветувања и видувања. Сакаме низ инклузивен процес да ги вградиме сите оние важни, добри работи кои практичарите во секојдневното работење ги имаат увидено и можат да бидат наша водилка и главна преокупација во наредниот четиригодишен период. Сакаме да создадеме креативна, модерна, дигитална економија, којашто ќе значи современа економија на третата денценија на 21-виот век – рече Заев.

На средбата беа слушнати аргументите на бизнис-секторот, нивните потреби и барања, со цел заеднички да се изнајдат решенија за развој и унапредување на економијата во интерес на граѓаните и подигнување на нивниот животен стандард.