Заев: Преговараме за зголемување на минималната плата

127

Ја покачивме миниминалната плата но не застануваме. Преговараме за ново зголемување. Минималната плата да биде 13 илјади денари, за повеќе пари да завршат кај граѓаните и да се забрза порастот на платите. Водиме политики со кои ја зголемуваме и просечната плата, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев од граѓанската трибина во Куманово.

Тој зборуваше и за подготовките за стапувањето на сила на електронскот систем на поврат на ДДВ кој пробно ќе биде тестиран во наредните месеци, за потоа да стане редовна постапка од која бенефит ќе имаат и граѓаните и државата.

– Каде и да мрднете има ДДВ. Ако сметката е 1000 денари, 180 денари е ДДВ и од тие 180 денари 15 отсто се враќа назад кај граѓаните. Од сите сметки меѓу 20 и 30 илјади денари ќе враќа семејството годишно – рече Заев во Куманово.

Сите економски параметри се во нагорна линија, напредокот го дава резултатот и покажува дека земјава и економијата се движат во вистинска насока, додаде Заев.