ЕУ ги повикува земјите членки да се подготват во случај на неуспешен договор за Брегзит

191

Земјите на Европската унија(ЕУ) и компаниите треба да ги „интензивираат подготовките“ за последиците што ќе настапат кога Велика Британија ќе ја напушти ЕУ, посебно во случај на неуспех на преговорите за постигнување на спогодбено раздружување предвидено за крајот на март 2019 година, соопшти денеска Европската комисија(ЕК).

Комисијата денеска објави текст во кој ги повикува земјите членки да ги интензивираат своите подготовки и да ги предвидат сите сценарија.

– Велика Британија на 30 март 2019 година ќе ја напушти ЕУ и ќе стане трета земја. Тоа ќе има последици за граѓаните, компаниите и управите во Велика Британија и во ЕУ – се наведува во соопштението.

Комисијата наведе дека доколку договорот за излегување на Британија од ЕУ не е ратификуван пред 30 март 2019 година, нема да има период на транзиција кој би требало да трае до 31 декември 2020 година и правото на ЕУ ќе престане да се применува во Велика Британија.

Се наведуваат разни можни последици, од нови контроли на надворешната граница на ЕУ кон Велика Британија, преку важноста на дозволите издадени во Британија, потврдите и авторизацијата, до различни прописи за пренос на податоци.