Еуроимпекс ја претстави својата втора продажно-сервисна импортерска точка

197

Компанијата Еуроимпекс која опстојува 28 години на пазарот ја претставува својата втора продажно-сервисна импортерска точка во Скопје преку еден од членовите на менаџерскиот тим Ванчо Каламадевски, национален технички советник и раководител на сервисниот центар на локација Скупи, кој ги истакнува услугите и производите кои ги нуди сервисниот центар на пазарот преку неговото раководење во истиот.

-Во оваа компанија сум веќе 11 години и од секогаш се работело по веќе зададени правила, стандарди и начини на работа. Нудење на беспрекорна услуга и начин на комуницирање со клиентите, употребата на оригинални резервни делови и нивна гаранција. Клиентот кој стои пред вас има високи очекувања од услугата и производот посебно затоа што вие го претставувате Брендот Peugeot и ја извршувате функцијата на Овластен сервисен центар. Тука нема простор за „грешки“, затоа и одговорноста е уште поголема. Претставува вистинско задоволство, мотивација и предизвик да се раководи со еден ваков сервисен центар-вели Ванчо Каламадевски.

Еуроимпекс е во моментов единствен меѓу импортерите кој функционира со две продажно-сервисни точки во Скопје и дилерска мрежа на територија на Република Македонија. Во моментов импортерска точка на локација Скупи 3А брои шест лица и опслужуваат функции како продажба на возила, сервисирање и магацинско работење,…. и се достапни за сите клиенти кои имаат потреба од нивните услуги.

За разлика од продажно сервисната точка во Лисиче на Бул. Трета Македонска Бригада, на оваа локација Ул. Скупи 3А, компанијата нуди и сервисирање и проверка на возила од сите автомобилски брендови, на тој начин претставуваат мултифункционален сервисен центар.

Нивниот тим е составен од стручни лица и е образован и обучен да може да ги опслужи сите клиенти кои имаат потреба од сервисирање на возила, дијагностика, оригинални резервни делови и тјунирање.

А посебно истакнуваат дека нудат и резервни делови од нивниот најнов партнерски Бренд – EUROREPAR, кој е всушност „мулти-бренд“ за резервни делови, сервисирање, одржување и поправка комбинирајќи квалитет, цена и перформанси. Препорачан од Принципалот Automobiles Peugeot, а понудува производи за онаа целна група која е со помала куповна моќ и сака да вгради високо квалитетни делови кои се од потрошен материјал (филтри, ребраст ремен со затегачи, водна пумпа, дискови, лагери, плочки итн). Сите резервни делови од програмот Eurorepar имаат 2 годишна гаранција.

-Не секој сопственик на автомобил го третира своето возило на ист начин. Секако дека клиентот е тој кој одлучува на кој начин ќе се грижи за своето возило и аналогно на таа грижа, колку тоа возило ќе врати назад во истата мера на издржливост, трајност итн. Наша задача како професионалци е да го советуваме клиентот најдобро што можеме и да му ја објасниме важноста од сервисирање на своето возило во Овластени сервисни центри- истакна Каламадевски.

За оние сопственици на возила кои ги носат своите автомобили во приватни гаражи наместо во овластени сервисни центри, Каламадевски вели дека ако сакате производот да биде со подолг век на употреба и да можете поретко да го враќате на сервис треба да размислите за одлуката каде и како да го сервисирате.

-Употребата на оригинални резервни делови, гаранцијата која ја нудиме и сигурноста дека на вашиот производ работат „стручни раце“, кои поминале обука, знаење и искуство за најпрво го препознаат вистинскиот проблем, а потоа да знаат со кои методи е најдобро и најдолготрајно тој „проблем“ да го решат се со цел комплетно задоволување на потребите и очекувањата на странката. Секако дека финалната одлука ја има сопственикот на возилото – додава Каламадевски.

Дилерската мрежа на Еуроимпекс е распространета во 4 градови во Републиката. Дилерски центар во Скопје – СИТИ КАР, Гевгелија – БОНДИ, Тетово – АВТО ЧАЈКА и Штип – АВТО ЧАЈКА 2 и секако двете импортерски локации: Локација 1: Бул.Трета Македонска Бригада бр. 72, Скопје; Локација 2: Ул. Скупи 3А, Скопје.