Еуроимпекс и алатите „Иримо“ со голема промотивна акција во август

228

Доколку ви е потребен рачен алат кој што е синоним за квалитет, функционалност и доверливост веќе 89 години, посетете ги салоните на Еуроимпекс, како генерален увозник на „Иримо“ и бидете дел од прмотивната акција, само во месец август!

Еуроимпекс, со почетоците на 2001 година, станува ексклузивен увозник на брендот „Иримо“ за Република Македонија и веќе 18 години успешно ја раскажува приказната на брендот.

Со користење на истите, потрошувачите добиваат сигурен квалитет, постојаност, достапност, функционалност и сигурност за употреба во металната, автомобилската и градежната индустрија. Широкиот асортиман на „Иримо“ алатот, меѓу другото вклучува и алати за поправка и одржување на автомобили, што го издвојува како лидер во овој сегмент.

Едно е сигурно, „Иримо“ алатите професионалците ги избираат, бидејќи им веруваат!

Како дел од понудата можете да најдете: колички со фиоки за алати, работна маса, куфери, количка за транспорт, ранци за алати, одвртувачи, имбус клучеви, клешти, сечици и многу други алати корисни за вашето секојдневно работење.

Целата понуда можете да ја погледнете на следниов линк: https://www.euroimpex.com.mk/media/irimo/Irimo-2019.pdf