Еуроимпекс во партнерство со меѓународниот проект во рамките на програмата „Еразмус +“

127
Сите фотографии објавени во текстот се креирани во февруари месец 2020та година. Со тоа лицата на фотографиите не се задолжени да носат заштитни маски.

Компанијата Еуроимпекс, го продолжува партнерството со меѓународниот проект во рамките на Програмата „Еразмус+“ која се случи во февруари месец тековнава 2020-та година.

Продолжувајќи ја традицијата на взаемна соработка, Еуроимпекс и оваа година соработуваше со АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје, во процесот на реализирањето на проект од Програмата „Еразмус+“, под името: „Развивање на професионалните и меките вештини за полесно вклучување на пазарот на труд“. Учениците реализираа практична обука во времетраење од 14 дена, во
февруари месец оваа година, во сервисните центри за возила во Вилниус, а исто така, реализираа и часови по практична настава во партнерското стручно училиште „Vilniaus automechanikos ir verslo mokykla“.

Сите фотографии објавени во горенаведениот текст се креирани во февруари месец 2020та година. Со тоа лицата на фотографиите не се задолжени да носат заштитни маски.

Со цел учениците да можат полесно да се вклучат и да се адаптираат на работните услови во сервисните центри за возила во Вилниус, Еуроимпекс ДОО овозможи професионална подготовка на тој начин што учениците беа директно вклучени во сервисниот работен процес во Еуроимпекс, реализирајќи различни задачи во областа на автомобилската мехатроника, користејќи најразличен алат и опрема, со несебична поддршка и менторство од страна на одговорните лица на компанијата. Во процесот на подготовка, учениците учествуваа во тимската работа на компанијата, го подигнаа квалитетот на своите комуникациски способности и сл.

Сите фотографии објавени во горенаведениот текст се креирани во февруари месец 2020та година. Со тоа лицата на фотографиите не се задолжени да носат заштитни маски.

Поддршката од страна на компанијата Еуроимекс беше од големо значење и придонесе за зголемувањето на успешноста на реализирањето на обуката, со оглед на тоа што учениците за време на практичната обука во Вилниус, вршеа комплетен сервис на различни видови возила, дијагностика, користеа современ алат и уреди, ги усовршија и своите меки вештини (комуникација, однос со вработени, тимска работа и сл.), се запознаа со најсовремени системи на возила, тестери, макети, симулатори и сл. Добиените меѓународни сертификати за секој ученик поединечно, ја потврдуваат успешноста на реализираната практична обука во Литванија.

Сите фотографии објавени во горенаведениот текст се креирани во февруари месец 2020та година. Со тоа лицата на фотографиите не се задолжени да носат заштитни маски.

Во проектот, беа вклучени и 6 наставници, кои разменија искуства со наставниците од партнерското училиште во Вилниус, чиишто искуства можат да се применат во иднина во АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје, а, исто така, и во процесот на соработка со долгогодишниот социјален партнер Еуроимпекс ДОО.

Сите фотографии објавени во горенаведениот текст се креирани во февруари месец 2020та година. Со тоа лицата на фотографиите не се задолжени да носат заштитни маски.

– Отворањето на вратите на нашите сервисни центри и пружање на професионални обуки на студентите и учениците, секогаш било добредојдено во нашата компанија. Еуроимпекс како општествено одговорна компанија има за цел да им овозможи на идните генерации можност одблиску да се запознаат со работењето и да стекнат искуство повеќе при соочување со реален проблем и сервис на некое возило. На тој начин во иднина истите тие студенти ќе можат да дадат свој придонес во општеството и подобрување на работниот кадар на автомобилските компании – изјави Зоран Серафимовски, извршен директор на Еуроимпекс.

Сите фотографии објавени во горенаведениот текст се креирани во февруари месец 2020та година. Со тоа лицата на фотографиите не се задолжени да носат заштитни маски.