ЕСМ ќе ја плаќа замената на печките на дрва со инвертер-клими

682

Граѓаните на Скопје, Тетово и на Битола, кои ќе ги заменат печките на дрва со инвертер-клими што чинат до 60.000 денари, ќе ја добијат целата сума од ЕСМ, поранешно АД ЕЛЕМ.

Информацијата ја потврди директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, притоа додавајќи дека за овој проект ќе треба да бидат издвоени од три до четири милиони денари.
Според најавите, на лицата што ќе ги заменат печките на дрва со инвертер-клими до 60.000 денари, ќе им биде исплатена целата сума, така што замената нема да ги чини ниту денар.

Владата пред речиси две недели најави субвенции за инвертер-клими, а до почетокот на грејната сезона останува нешто повеќе од еден месец.

Замената на печките ќе се одвива во Скопје, Тетово и во Битола бидејќи во овие градови во зимските месеци беа регистрирани рекордни загадувања на воздухот во светски рамки.