ЕП ја потврди номинацијата на Лагард за шефица на Европската централна банка

81

Европскиот парламент ја потврди номинацијата на Кристин Лагард за нова претседателка на Европската централна банка, за мандат од осум години.

Нејзината номинација е потврдена со 394 гласа „за“, 206 „против“ и 46 воздржани.

Лагард е именувана од страна на европските влади да го наследи Марио Драги на чело на ЕЦБ на први ноември.

Лагард во јули поднесе оставка од лидерската позиција во Меѓународниот монетарен фонд, а истата стапи на сила минатата недела.