Европските нафтени компании би можеле да го намалат увозот на иранска нафта

1391

Европските нафтени компании не ја исклучуваат можноста за намалување на увозот на нафта од Иран по американската закана со нови санкции, при што некои од нив напоменуваат дека главна пречка во тргувањето би можело да биде банкарското финансирање.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави во вторник дека САД се повлекуваат од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, најавувајќи нови американски санкции за Техеран.

Европските компании наведуваат дека денеска купувале иранска нафта. Иран произведува околу четири отсто од светската нафта и извезува во Европа околу 450 илјади барела дневно.