ЕБОР го активира „Пакетот за солидарност“ вреден 250 милиони евра

93

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе го активира „Пакетот солидарност“ за справување со економските последици од пандемијата КОВИД-19, а значителна поддршка ќе биде ориентирана кон земјите на Западен Балкан, вклучувајќи ја и нашата земја.

Оваа година земјава од ЕБОР ќе биде поддржана со пакет од 250 милиони евра наменет за поддршка на финансискиот сектор, за енергетскиот сектор, за мали и средни претпријатија, но и за големите компании, беше кажано на видеоконференцијата меѓу претседателот на владата Оливер Спасовски и претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти. Дел од оваа поддршка е насочена и кон инфраструктури проекти

Претседателот на ЕБОР, изрази задоволство како македонските власти справуваат со пандемијата на ковид-19, како и од преземените мерки за намалување на последиците.

Чакрабарти, упати искрени честити за членството на нашата земја во НАТО и започнувањето на преговори со Европската Унија. Тој истакна дека ЕБОР останува посветена на поддршката на Република Северна Македонија во процесот на преговори со ЕУ и во најкус период ќе биде потпишан меморандум за соработка за оваа сфера.

Премиерот Спасовски изрази благодарност за досегашната поддршка, како и за отвореноста на ЕБОР, особено во овој тежок период и за вклучувањето на Република Северна Македонија во „Пакетот солидарност“.

Воедно премиерот Спасовски искажа посветеност на Владата кон сите отворени досегашни проекти, но и кон проектите кои се во процес на планирање, за поддршка на динамичен економски раст.