Државата преку НЕР го докапитализира својот удел во ГА-МА

121

Владата ја усвои одлуката за одобрување на средства од Буџетот за 2019 година за купување на делот на ГА-МА АД Скопје.

Со оваа одлука средствата од Буџетот за 2019 година, во висина од 1.930.000.000 денари ќе бидат уплатени на буџетот на посебна наменска сметка на Национални енергетски ресурси АД (НЕР АД), за да се искористат исклучиво за намената, односно за докапитализација на сопственоста на ГА-МА АД, како компанија, која согласно регулативата на ЕУ, ќе биде увозник на гас во нашата земја.