До 30 септември прогласување технолошки вишок во Еурокомпозит

121

Во Еурокомпозит обезбедени се услови за производство. За жал фирмата 11 години се соочуваше со тешки услови, но на добар пат сме да го решиме проблемот. До 30 септември ќе има прогласување на технолошки вишок, како што се договоривме со синдикатот за вработените да ги остварат своите законски права и да се згрижат. Ова меѓу другото го изјави во Прилеп вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Според него од први октомври ќе следи предстечајна реорганизација во фирмата.

-За една до две години ќе можеме да кажеме дека го решивме проблемот со оваа државна компанија и обезбедивме инвеститор -посочи вицепремиерот Анѓушев.

Ка.М.