Директорот на Рено поднесе оставка

232

Карлос Гон, до неодамна извршен директор на Рено-Нисан-Мицубиши, поднел оставка во Рено, изјави министерот за финансии на Франција Бруно ле Мер.

– Карлос Гон ноќеска поднесе оставка – изјави Ле Мер во интервју на Светскиот економски форум во Давос.

Гон беше на чело на Рено од 2005 година и е во затвор во Јапонија повеќе од два месеца. Осомничен е за затајување на голем дел од своите приходи примени меѓу 2008 и 2018 година во Нисан. Ако биде осуден, ќе добие до 15 години затворска казна. Во Јапонија е обвинет за наводни финансиски малверзации во Нисан Мотор, а неговата оставка освен францускиот министер, ја потврдија и извори од Рено.

Во Нисан се подготвуваат за вонредно собрание на акционерите што ќе се одржи во средината на април на кое се очекува да биде разрешен и директорот Грег Кели, „десна рака“ на Гон.